Клоп: Ниту Сити ниту Јунајтед не би биле шампиони да беа на наше место 

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, вели дека ниту Манчестер Сити, ниту Јунајтед немаше да ја освојат титулата во Премиер лигата доколку ги имаа истите проблеми со кои се соочуваа „црвените“ оваа сезона.

Поради сериозни повреди Клоп речиси цела сезона не можеше да смета на Ван Дајк, Џо Гомез и Матип, и токму поради нивните отсуство Ливерпул сè уште е без обезбеден пласман во Лигата на шампионите.

„Со повредите што ги имавме во оваа сезона, едноставно немавме никакви шанси да бидеме шампиони. Не само ние – никој не би можел да биде прв во ваква ситуација. Колку и да е моќен, доколку и Сити останеше без тројца дефанзивци во ист момент немаше да ја освои титулата. Ако на Јунајтед му се повредеа тројца играчи за врска, немаше да биде првак“, рече Германецот.

Во последното коло „црвените“ на свој терен го пречекуваат Кристал Палас, натпревар кој се игра утре од 17:00 часот.