Клоп: Невил е сезнајко, има коментар за сè и сешто

Германскиот стратег на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, за „ББС“ зборуваше за деновите минати во карантин и што открил во периодот кој го минувал во домашна атмосфера. 

Покрај тоа што научил сам да мести кравата, Клоп во претходните два месеци сфатил дека Гери Невил, поранешниот ас на Манчестер Јунајтед има мислење за секоја тема. 

„Претходно не бев во можност да го научам тоа, но сега ми е јасно. Гери Невил има мислење за сè. Тоа е неверојатно. Периодот во карантин не беше лесен, но мораме да бидеме одговорни и мислам дека успеавме да се справиме со тоа. Среќен сум што повторно ќе ги видам момците и заедно ќе продолжиме да се бориме за титулата во Премиер лигата“, вели Клоп.

Гери Невил по неуспешните обиди како тренер, моментално работи како стручен аналитичар за „Скај Спортс“, а со оглед на тоа што е дете на Манчестер, често пати знаел да го „нападне“ Клоп.