Клоп: Неколку пати одбив да го преземам Баерн Минхен

Менаџерот на премиерлигашот Ливерпул, Јирген Клоп откри дека неколку пати во минатото одбил повик од Баерн Минхен со цел да остане на „Енфилд Роуд“.

„А во кој клуб би заминал за ситуацијата да биде поинаква? Можев да заминам во Баерн Минхен неколку пати, можев да освојам повеќе титули во мојот живот, прилично сум сигурен во тоа, но не го сторив.

Светот не е полн со победници, светот, се надевам, е полн со луѓе, кои се обидуваат. И јас се обидувам и понекогаш успевам да победам со некои други луѓе. Задоволен сум со тоа“, рече германскиот стратег на клупата на Ливерпул.

Клоп со Ливерпул оваа сезона веќе освои два трофеи, ФА Купот и Карабао Купот, а е бори и за титулите од Премиер лигата и Лигата на шампионите.