Клоп не може да крене глава: Салах позитивен на коронавирус!

Салах

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах, добил позитивен тест на коронавирус, потврди египетската фудбалска федерација.

Во краткото соопштение е наведено дека ѕвездата на „црвените“ го има единствениот позитивен тест од сите репрезентативци.

„Рутинските тестови на фудбалската репрезентација покажа дека нашиот интернационалец, Мохамед Салах, ѕвездата на Ливерпул, е заразен со коронавирус, откако неговиот тест бил позитивен… иако нема никакви симптоми. Сите други членови на тимот се негативни...“.

Ливерпул за осум дена ќе игра со Лестер Сити, а потоа на домашен терен ќе ја пречека Аталанта во Лигата на шампионите.

Проблемите во одбраната како да беа малку, па сега Јирген Клоп ќе мора во наредниот период да биде без својот офанзивец.