Клоп: На реваншот барем ќе играме на „вистински“ стадион

Клоп Енфилд

Јирген Клоп имаше на што да се пожали по поразот од Реал Мадрид. Шпанскиот гигант обезбеди 3-1 пред реваншот во Англија, во рамки од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Предводникот на Ливерпул не беше задоволен од арбитражата, како и од стадионот „Алфредо Ди Стефано“.

„Тешко беше за нас на овој натпревар. Барем на реваншот ќе играме на „вистински“ стадион. Овој наликуваше на тренинг центар.

Ќе биде голем предизвик да се направи кам-бек, особено без навивачите. Не знам дали ќе го направиме тоа, но ветувам дека ќе направиме максимални напори“, изјави германскиот стручњак.

Формата на „црвените“ не ветува дека ќе има шанса да обезбеди полуфинале. Меѓутоа во изминатите години англискиот клуб покажа дека знае да одговори, по висока негатива на првиот натпревар во нокаут фазата.

Реваншот е закажан за една недела, поточно на 14 април во 21:00 часот.