Клоп на големи маки пред дербито со Лестер, само тој знае како му е

Само Јирген Клоп знае како му е пред неделниот дуел со Лестер. Последната репрезентативна пауза целосно ја загорчи неговата и така комплицирана ситуација, која веќе се заканува да биде трауматична. Имено, во една од дерби средбите на 9. коло во Премиер лигата, Ливерпул ги пречекува „лисиците“ без еден куп важни адути.

>>> Сите квоти на мечот Ливерпул - Лестер Сити во MOZZART

Кога на крајот на октомври беше потврдено дека столбот на одбраната, Виргил ван Дајк, ќе мора да го пропушти поголемиот дел од тековната сезона поради повреда на коленото, на „Енфилд“ беа во неверица. Не долго по тоа, влегоа во уште полоша состојба. Александар-Арнолд го повреди листот, коленото на Џо Гомез настрада, Робертсон на дуелот со Србија се пожали на болки на задната ложа, Салах се зарази со коронавирус во Египет, а потоа се случи повредата на Хендерсон против Белгија. Веројатно задна ложа. Ниту ова не е крај на малерите, бидејќи младиот стопер Рис Вилијамс, кој се очекуваше да ги замени првотимците, се здоби со повреда на колкот на дуелот на младата репрезентација на Англија и е неизвесен за мечот со Лестер.

Олеснителна околност за германскиот стручњак е тоа што Тијаго Алкантара и Фабињо се очекува да им се вратат на тренинзите, но останува да видиме дали Клоп веднаш ќе ги „фрли во оган“ против „лисиците“, кои се во низа од три победи, против опасните ривали како Арсенал, Лидс и Вулверхемптон. Плус, гостинскиот менаџер Брендан Роџерс има неколку сметки за решавање со Ливерпул, на чија клупа не успеа да го покаже својот целосен потенцијал, додека најдобриот стрелец на тимот, Џејми Варди, е особено инспириран кога игра против „црвените“, досега има дадено седум гола на единаесет натпревари.