Клоп: Можевме да бидеме подобри, но кому му е гајле

Екипата на Ливерпул со победата над Вест Хем Јунајтед ја зголеми позитивата во однос на второпласираниот Манчестер Сити на 19 бода, но и покрај тоа Јирген Клоп смета дека сè уште не е решен шампионот во Премиер лигата. 

На рутински начин со 0-2, Ливерпул славеше на гостувањето во Лондон, а по натпреварот германскиот менаџер истакна дека е задоволен од трите бода, но напомена дека неговиот тим можел да одигра многу подобро.

„Среќен сум на трите бода. Ова беше обичен натпревар. Можевме да бидеме подобри, но кому му е гајле.

Не знам дали некој може да ја стигне разликата. Ние сакаме само да освојуваме бодови. Тоа е нашата цел во овој момент. Засега имаме 70 и тоа не е доволно“, рече Клоп. 

Ливерпул е во фантастична серија од 24 натпревари без пораз во низа во Премиер лигата со скор од 23 победи и само едно реми, на гости кај Манчестер Јунајтед.