Клоп: Мислам само на фудбалерите кои ги имам, не сонувам по други

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, не сакаше многу да зборува за евентуалните засилувања во својот тим ова лето. 

Пред економската криза поради коронавирусот да завладее во фудбалскиот свет, низ медиумите имаше бројни шпекулации за потенцијалните нови имиња во редовите на клубот од „Енфилд Роуд“, но сега Клоп вели дека размислува само на фудбалерите кои ги има во својот ростер. 

„Задоволен сум од тимот кој го имам на располагање, не размислувам на други. Кога сум во сериозен клуб, работам со играчите кои ги имам и не сонувам по други. Ќе видиме дали ќе може да донесеме нови играчи, но сигурен сум дека ќе се подрудиме да го извлечеме најдоброто од она што го имаме“, рече Германецот. 

Ливерпул со нетрпение го очекува продолжувањето на Премиер лигата, затоа што има голема шанса по пауза од 30 години повторно да биде шампион на Англија.