Клоп ќе им даде одмор на фудбалерите за време на паузата во февруари

Клоп

Ливерпул е неприкосновен на врвот во Премиер лигата, со висока предност пред големите ривали во трката за титулата.

Постигнатите резултати се ицрпувачки за фудбалерите, а за тоа е свесен и самиот Јирген Клоп. Германскиот стратег одлучи да им даде одмор на своите избраници за време на паузата во февруари.

Кога сите ќе заминат на подготовки во земјите со тропски температури, „црвените“ ќе имаат можност на момент да заборават на фудбалот и да поминат квалитетно време со своите најблиски.

Од психолошки аспект, тоа ќе биде одлична одлука на Клоп, бидејќи на тој начин неговите играчи ќе имаат можност да ги „наполнат батериите“ покрај семејствата, во пресрет на завршницата од сезоната.

Она што може да го уништи планот на Ливерпул е евентуално реми против Шрeвсбури во рамки од ФА Купот, кое ќе донесе втор натпревар.