Клоп: Ќе го чекаме Ван Дајк како верна жена која го чека сопругот од затвор!

Ливерпул ги доби најлошите вести поврзани со повредата на својот најдобар дефанзивец Вирџил Ван Дајк. Холандскиот столб на одбраната доби незгоден удар од Пикфорд на дербито со Евертон, а дополнителните лекарски прегледи покажаа дека се работи за сериозна повреда на коленото, која мора да се санира со оперативен зафат.

Така, Ван Дајк повеќе месеци ќе биде надвор од стројот на Јирген Клоп (првичните информации велат седум или осум месеци), а германскиот стратег на оригинален начин одговори на прашање поврзано со враќањето на својот најдобар дефанзвиец.

„Ќе го чекаме Ван Дајк како верна жена која го чека сопругот од затвор“, беа зборовите на Клоп.

Иако многумина сметаа дека Пикфорд заслужува казна заради опасниот старт, сепак нема да добие суспензија од страна на Англиската фудбалска асоцијација.