„Клоп ја уби сезоната на Ливерпул со неговата најава дека заминува“

Ливерпул го освои Лига купот, но во последно време не му оди најдобро во другите натпреварувања. Моментално е третопласиран во Премиер лигата, но секако дека има шанси да ја освои лигата, додека испадна од ФА Купот и Лигата на Европа.

Многумина беа повредени од поразот од Аталанта на „Енфилд“ кога тимот беше понижен со резултат 0-3, подоцна во реваншот не се случи чудо, а играта во Бергамо не е нешто со кое се гордеат навивачите на Ливерпул. 

Ричард Кис, еден од најпознатите новинари во Велика Британија, смета дека Јирген Клоп е виновен за лошите резултати на Ливерпул.

„За жал, почнувам да мислам дека најавата на Клоп дека го напушта тимот на крајот на сезоната го уби тимот, а не го засили“, пишува новинарот.

Инаку, Клоп по крајот на сезоната ќе го заврши својот престој на „Енфилд Роуд“ кој траеше девет години. Засега не е познато кој ќе биде неговиот наследник.