Клоп ја откри својата најголема грешка во кариерата

Клоп Мане

Поминаа три години од преселба на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, а фановите се уште чекаат на првиот трофеј. Истиот е многу блиску оваа сезона, но за тоа да се случи, тимот ќе мора да продолжи со сигурните игри во Премиер лигата.

Германецот загубил голем број на финалиња во кариерата, но вели дека се кае само поради една тешка одлука во деновите кога ја предводеше Борусија Дортмунд.

„Нормално дека направив голем број на грешки во животот и кариерата, а најголемата се случи кога бев дел од Борусија Дортмунд. Можев да го доведам Садио Мане во Дортмунд, дури и разговаравме во мојата канцеларија и се зависеше од мојата одлука. Во тој момент не бев целосно убеден во неговите квалитети, па ја направив таа грешка“ , вели тренерот на „црвените“.

Својата грешка ја исправи во 2016 година кога на Саутемптон му плати 35 милиони евра за услугите на сенегалскиот напаѓач.