Клоп: Имало англиска изрека дека со деца не се освојувало трофеи, овој е специјален за мене!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп неодамна објави дека го напушта клубот на крајот од сезоната, па сега секој натпревар и секоја борба за трофејот има посебна тежина. Потрагата по првата титула заврши успешно, Челзи падна во финалето на Лига Купот.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Вирџил ван Дајк во 118. минута, за десетти трофеј на Ливерпул во Лига Купот. Севкупно, тоа беше осми трофеј за Клоп во Ливерпул.

„Сега некој надвор ми кажа дека постои една англиска изрека - не се освојуваат трофеи со деца. Не го знаев тоа. Има и подолги кариери од мојата, но за овие повеќе од дваесет години можам со спокојство да кажам дека ова е најспецијалниот трофеј што сум го освоил. Апсолутно исклучително.

Се грижам за моето наследство, не сум тука да го создавам. Како менаџер на фудбалски клуб, вие сте таму за да ја завршите работата. Не би можеле да го направиме ова во ниту еден друг клуб. Сè е создадено за ваква комбинација, и тоа е фантастично“, вели Клоп.

Германскиот стручњак беше емотивен и само ја продолжи своето излагање.

„За сето тоа време научивме многу, научив многу, луѓето научија многу. Не е проблем ако си замине менаџерот, проблемот е ако си заминат овие луѓе, нашите навивачи. Тоа би било проблем. Сè додека тие се таму, фудбалскиот клуб Ливерпул ќе биде на добар пат“, заклучува Клоп.

Ливерпул моментално е прв на табелата во Премиер лигата, додека Челзи е на единаесеттта позиција и веројатно ова беше единствената шанса на „сините“ за трофеј оваа сезона.

Состави

Маурицио Почетино

4-2-3-1

    Јирген Клоп

    4-3-3