ВИДЕО: Клоп и фудбалерите одушевени од новиот тренинг центар од 50 милиони фунти

Ливерпул

Ливеепул наскоро ќе се пресели во нов тренинг центар, кој беше изграден од француската куќа за осигурување „АКСА“.

Од Мелвуд, актуелниот англиски шампион ќе се пресели во Киркби. Во новиот комплекс се вложени 50 милиони фунти, а ќе се состои од три фудбалски терени, посебен дел за голманите и за загревање.

Вклучен е и базен, хидротерапија и база каде играчите ќе се рехабилитираат од повреди. Тренинг центарот опфаќа нешто повеќе од 9.200 метри квадратни.

Вселувањето во новиот дом екипата на Ливерпул ќе го направи на почетокот на ноември.