Клоп: Голот на Мане ќе го гледам уште 500 пати, се вративме во европскиот врв! 

Екипата на Ливерпул извојува херојска победа среде Германија и со 1-3 го елиминира големиот Баерн Минхен од осминафиналето на Лигата на шампионите. 

Задоволството кај англискиот тим беше огромно, а менаџерот Јирген Клоп по мечот изјави дека е одушевен од погодокот на Клоп и е среќен што Ливерпул се врати во европскиот врв. 

„Одигравме одличен натпревар, особено во вториот период. Во моментите кога игравме фудбал ја уништивме организацијата на Баерн Минхен. Апсолутно заслужена победа. Со исклучок на повредата на Хендо, сè беше перфектно, особено триото во нападот. За голот на Мане можам да кажам дека сигурно уште 500 пати ќе го погледнам, беше вистинско ремек-дело. Едноставно покажавме дека Ливерпул веќе се врати во фудбалскиот врв на Европа“, рече Клоп. 

Покрај Ливерпул место меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите имаше и за Тотенхем, Манчестер Сити и Јунајтед, Барселона, Порто, Алакс и Јувентус. Ждрепката за четвртфиналето е утре во 12:00 часот. 

>>>ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Мане го „изработи“ Ноер како мало дете пред очите на светот!