Клоп го осуди пристапот на Јунајтед: Имате играчи од светска класа, а...

Јирген Клоп

Ливерпул не успеа да го „скрши“ дефанзивниот ѕид кој го постави Манчестер Јунајтед на „Енфилд“ и остана на втората позиција на табелата во Премиер лигата.

Шампионот имаше повеќе од играта, но не искористи ниту една шанса, па ремито без голови беше неизбежно. Јирген Клоп ја осуди играта на противникот, кој во своите редови има фудбалери од светска класа.

„Најлошата работа во фудбалот е кога играте против клуб со фудбалери од светска класа, а тие сите се бранат со сите сили. Тоа е најголемиот предизвик за мене. Ние одигравме одлично, одговоривме како што треба и бевме на нивото кое се очекува од нас. Имаме работи на кои треба да работиме и да ги подобриме во иднина“, рече германскиот тренер.

„Црвените“ на Клоп паднаа на четвртата позиција и сега заостануваат три бода зад лидерот. Манчестер Сити го искористи резултатот во дербито за да застане позади градскиот ривал, а со победа на заостанатиот меч ќе го преземе лидерското место на табелата.