• Саше Љолес
Јирген Клоп го отпушти тренерот на РБ Лајпциг, Оле Вернер - барем така јавуваат повеќе германски медиуми. Се шпекулира дека за отказот постојат повеќе причини, а една од нив е нефорсирањето на двајца големи таленти во првиот тим.
Според информациите, двајцата имале состанок на кој било решено да биде прекината соработката, а како ново тренерско име се споменува Аргентинецот Мартин Демикелис.
Во кратката изјава за медиуми, Клоп рекол „Сметаме дека Оле Вернер не е човекот што треба да го води клубот во иднина“, што дава јасен сигнал за тоа како се одвивале разговорите.
РБ Лајпциг ја заврши сезоната на третото место на табелата, со што си обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Вернер прикажа солидна тренерска работа во клубот, но очигледно, разликите во ставовите со легендарниот Германец биле ненадминливи.
