Клоп ги смири фановите: Мане ќе истрча од првата минута против Челзи

Клоп Мане

Завршницата од сезоната во Премиер лигата ќе донесе голема броба за шампионскиот трофеј меѓу Ливерпул и Манчестер Сити.

Тежок натпревар ги очекува фудбалерите на Јирген Клоп овој викенд. Тие ќе се соочат со Челзи кој исто така ќе атакува на трите бода, бидејќи се бори за местата кои носат директен пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Вчерашниот тренинг на „црвените“ беше одржан без Садио Мане, еден од најдобрите стрелци на екипата. Фановите веднаш се загрижија и запрашаа дали тој ќе биде подготвен за дуелот на „Енфилд“ на што добија одговор од првиот тренер.

„Мане вчера не тренираше со тимот, но ќе биде подготвен за мечот со Челзи. Вајналдум исто така има проблеми со грбот, но и тој започна да тренира“ , рече Германецот.

Ливерпул се надева на победа со која што ќе продолжи да прави притисок врз тимот на Пеп Гвардиола, кој до крајот ќе одигра еден натпревар повеќе.