Клоп: Фирмино свири 12 инструменти во нашиот оркестар

Англиските медиуми пишуваа дека Диого Жота би можел да ја преземе улогата на Роберо Фирмино и да формира ново трио во нападот на Ливерпул.

Меѓутоа Јирген Клоп не е фан на тие информации и постојано се обидува да стави крај на шпекулациите. Германскиот тренер инсистира дека Бразилецот е човек од кој зависи ритамот со кој игра неговата екипа.

„Роберто е комплетен фудбалер. Фудбалскиот клуб е како оркестар, а тој свири на 12 инструменти во нашиот тим. Тој е исклучително важен за нашиот ритам. Сакам кога го гледам на теренот, како дава толку многу за своите соиграчи.

Најмногу ми се допаѓа прославата на момците кога тој ќе постигне погодок. На голема несреќа и тие читаат што се пишува во медиумите, па беа свесни дека постои критика на негова сметка. Не морам повеќе да објаснувам за неговото значење во овој клуб“, изјави Клоп пред дуелот со Аталанта во Лигата на шампионите.

Англискиот првак е една од петте екипи кои уште во четвртото коло може да обезбеди пласман во нокаут фазата. Има три победи на исто толку натпревари и стои највисоко на табелата во групата Д.