ВИДЕО: Клоп едвај ги задржа солзите на последната изведба на „You'll Never Walk Alone“

Јирген Клоп се прости од навивачите на Ливерпул. Германскиот стратег по скоро една деценија го напушта „Енфилд роуд“, а попладнево имаше многу емоции на последната средба на Клоп со фановите.

Пред стартот на натпреварот со Вулверхемптон, Клоп за последен пат ја слушна „You'll Never Walk Alone“ во изведба на фановите на Ливерпул и едвај ги задржа солзите. Германецот како вистинска легенда си заминува од „Енфилд“, затоа што под негово водство тимот конечно успеа да го скрши мразот и да освои титула во Премиер лигата по пауза од триесет години. 

Исто така, „црвените“ под водство на Клоп триумфираа и во Лигата на шампионите.

Состави

Гери О'Нил

3-5-1-1