Клоп: Да покажеме дека второто полувреме против Сити е нашето вистинско лице

Откако го скрши негативниот тренд на порази во финалните натпревари на европските Купови, Јирген Клоп отфрли големо бреме од својот грб. Победата над Тотенхем во финалето на Лигата на шампионите беше круна на скоро четиригодишната работа на Германецот на „Енфилд“. Сега, Клоп сака да ги собере плодовите и да освои уште некој трофеј.

На денешната прес-конференција пред Суперкупот против Челзи, Германецот рече:

„Челзи има нов менаџер, многу млади фудбалери како Пулишиќ, Абрахам. Френк минатата го смени менталитетот на Дерби Каунти. Верувам дека ќе бидат спремни утревечер, но ве уверувам дека ќе бидеме и ние. Имавме тешка претсезона, но не беше така само за нас, туку за повеќе екипи. Во првиот дел против Манчестер Сити го почувствувавме тие проблеми. Но, тука сме, треба да покажеме дека второто полувреме против Сити е нашето вистински лице. 

Знам што значи Истанбул за фановите на Ливерпул, но ние сме тимот 2019/20 и не мислиме на историјата. Овој град живее за фудбалот, атмосферата е волшебна и се надевам дека пак Истанбул ќе биде среќен“.

Со поддршка од трибините на фановите во црвенo, кои утре ќе бида помногубројни, Клоп се надева дека ќе слави уште една европска титула.