Клоп беше во право, Кутињо во Барса е само „обичен фудбалер“

Клоп Кутињо

Лошата форма на Филипе Кутињо предизвикува силни шпекулации дека неговата кариера во Барселона ќе заврши на крајот од тековната сезона.

Бразилскиот фудбалер не се наметна во тимот на Ернесто Валверде, остана во сенка на Луис Суарез и Лионел Меси, па сега ќе мора да прави напори за да ја врати кариерата на вистинскиот пат. Но, тоа би требало да го направи на друго место, далеку од „Камп Ноу“, каде се чини неговиот талент нема никаква иднина.

Пред точно една година, Јирген Клоп порача дека нема намера да задржува играч кој сака да си замине, па реши да се раздели со 26-годишниот креативец. Но, на заминување му испрати јасна порака, која дури денес се покажува дека била апсолутно точна.

„Во Реал, Барса, Баерн ќе бидеш само обичен играч. Овде можеш да бидеш повеќе од тоа“ , беа зборовите на Германецот.

И додека Ливерпул сонува за титулата во Премиер лигата, Кутињо го загуби местото во каталонската екипа и полека го гледа крајот на својата авантура во Шпанија...