Клоп бара да го засили Ливерпул со репрезентативец на Луксембург

Повеќе од извесно е дека Џиџи Вајналдум е на излезни врати од „Енфилд Роуд“ и по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти Ливерпул како слободен фудбалер. 

Репрезентативецот на Холандија неколку пати одбил да потпише нов договор со премиерлигашкиот шампион, па затоа Јирген Клоп веќе ги разгледува опциите за негова замена. 

Иако Ливерпул во средниот ред го има Тиаго Алкантара, а во последниот период одлични настапи бележи и младиот Куртис Џонс, сепак, „црвените“ ќе пробаат да доведат нов фудбалер, но за него нема да се издвои голема сума на пари.

Бидејќи, буџетот на Клоп ќе му биде ограничен, британските медиуми шпекулираат дека прва желба на Германецот е младиот Леандро Бареиро. Се работи за 21-годишен фудбалер од Луксембург, кој оваа сезона настапува за тимот на Мајнц. 

Наводно, Бареиро е тип на играч кој може одлично да се вклопи во системот на Клоп, а оваа сезона за Мајнц одигра 13 натпревари. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.