ВИДЕО: Клермон ја продолжи бајката, атрактивно реми на Ремс и Монпелје

Фудбалерите на Клермон ја продолжија бајката и по влезот во првата француска лига (Лига 1), стигнаа до втората победа во второто коло, овојпат против Троа од 2-0 (0-0). Одново херој беше Мохамед Бајо, кој успеа два пати да се запише во листата на стрелци. Во првиот дел, погодоци немаше, а Троа остана со човек помалку откако Каборе беше исклучен. Натпреварот го реши Бајо, со головите во 53. и 65. минута. 

  • Клермон - Троа 2-0:

Најатрактивниот меч во овој термин го одиграа Ремс и Монпелје. Пресметката на овие две екипи заврши со нерешени 3-3 (2-3), а понуди неколку пресврти. Коза донесе предност за Монпелје уште во петтата, но две минту подоцна Касама израмни. Истиот фудбалер донесе и предност за Ремс. Делорт и Лаборд се погрижија гостите на пауза да заминат со водство, додека во завршницата Кебал донесе реми за домаќинот. 

  • Ремс - Монпелје 3-3:

Реми со по еден гол одиграа и Брест против Рен (1-1). Средбата на „Франсис Ле Бле“ не понуди погодоци се до 84. минута, кога Гираси донесе гостинска предност. Сепак, Ле Дуарон во продолжението израмни за бод на Брест. 

  • Брест - Рен 1-1:

До триумф овој викенд дојде и Нант, кој на домашен терен го совлада Мец со 2-0 (1-0). Со по еден гол во двете полувремиња Нант прокнижи нови бодови во елитата, откако во првото коло одигра 1-1 со Монако. На денешната средба, со головите на Коло Муани и Блас, домаќинот дојде до победата, а Мец немаше сили за подвиг.  

Состави

Pascal Gastien

4-2-3-1

    Bruno Irles

    3-5-2