Клемен: Не се плашиме од ПСЖ, тие имаат две раце и нозе како нас

Бриж

Клуб Бриж не можеше да добие потежок противник во првото коло од Лигата на шампионите. Во Белгија гостува Пари Сен Жермен, тимот на ѕвезди предводен од Маурисио Почетино, кој е прв фаворит за титулата во натпреварувањето.

Филип Клемен, предводникот на белгискиот првак, најавува дека неговите фудбалери нема да влезат со страв на оваа средба,

„За некои од моите играчи ова ќе биде првпат да играат против противници од ова ниво. Но, тие нема да имаат страв. Фудбалерите на ПСЖ се луѓе со две раце и нозе како и ние.

Ова може да биде еден од најлесните натпревари сезонава во однос на подготовката, бидејќи имаме само нешто да добиеме и ништо да загубиме. Моите играчи сонуваа за ваков дуел како деца. Сега сакам да видам тим кој мисли на своите квалитети, а не се фокусира на противникот“, вели Клемен.

Натпреварот меѓу Клуб Бриж и ПСЖ се игра в среда со почеток од 21:00 часот.