• Мартин Танасковски
Екипата на Спортинг Лисабон пак е на врвот во Примеира. „Лавовите“ одиграа сигурно во дербито со Порто и со домашна победа (2-0) ја прескокнаа Бенфика на челната позиција на табелата.
На последните пет меѓусебни средби во сите натпреварувања – победија само Змејовите. Лавовите од Лисабон не знаеја како со стариот ривал кој последен пат го победија во далечната 2016 година, ама на овој меч пред својата публика го скршија мразот и најдоа решение.
Патот до победата на Спортинг го олесна црвениот картон кон ветеранот Пепе го заработи во 51. минута од натпреварот. Домашниот тим имаше предност на мечот од 11. минута кога Ѓокерес донесе 1-0, а пред паузата истиот играч даде втор гол, но беше поништен со ВАР поради офсајд. Печат на триумфот стави Гончалвес во 60. минута.
- Извештај од натпреварот:
Пред финишот на мечот Спортинг пак погоди, овој пат преку Паулињо, ама ВАР ја скрати радоста повторно поради офсајд и 2-0 беше конечниот резултат во големото португалско дерби.