• Саше Љолес
Анхел Ди Марија уште еднаш покажа дека годините се само бројка за него. Славниот аргентински фудбалер повторно ја демонстрираше својата класа, постигнувајќи гол на натпреварот против Бока Јуниорс, и тоа директно од корнер.
Неговиот тим Росарио на крајот извлече реми токму со неговиот погодок во 24. минута, кој го крена на нозе буквално целиот стадион.
Ди Марија се врати во родната земја после исклучително богатата европска кариера во која освои безброј трофеи, а најголем печат остави како играч на Реал Мадрид.




