• Горан Упале
По завршувањето на оваа сезона Борусија Дортмунд ќе остане без уште една клупска ѕвезда. Марко Ројс реши да го напушти клубот каде ја мина цела досегашна кариера и во иднина ќе се проба во друг клуб.
Денешното збогување со фановите на „милионерите“ беше многу емотивно за поранешниот германски репрезентативец, а тој за последен пат ја потврди класата во жолтиот дрес и на средбата со Дармштадт постигна ЕВРОГОЛ од слободен удар.
- Голот на Марко Ројс против Дармштадт:
Во изминатите дванаесет години Марко го носеше дресот на Борусија и постигна бројни успеси со клубот. Ројс беше капитен на Борусија Дортмунд од 2018 до 2023 година и на 424 натпревари за Борусија, тој постигна 168 гола и запиша 128 асистенции.