ВИДЕО: Класата е вечна, Пандев од 40 метри даде неверојатен гол за Џенова!

Македонскиот фудбалски ад Горан Пандев продолжува со одличните игри во дресот на Џенова, откако на чело на тимот застана неговиот поранешен соиграч Тиаго Мота

Искусниот напаѓач попладнево уште еднаш ја докажа својата класа и чувство за гол и против Лече постигна ретко виден гол на фудбалските терени од речиси половина терен. 

По една грешка на домашниот голман, топката дојде до Пандев, кој забележа дека Раду е далеку од својот гол и со прецизен лоб донесе водство за својата екипа. 

  • Голот на Пандев против Лече:

За Пандев денешниот гол против Лече е негов трет оваа сезона во дресот на Џенова.

Овој гол со сигурност ќе биде еден од најдрагите и најубавите на струмичанецот во неговата децениска кариера на „чизмата“. Покрај „слаломот“ против Јуве, слободниот удар во миланското дерби, одлучувачкиот гол во Минхен во Лигата на шампионите и многу, многу други, Пандев во својата колекција вгради и уникатен гол од голема далечина.