Класа деби гол за Елмас во Торино: „Тунел“ и лоб за ТВ-инсерти! (ВИДЕО)

Ељиф Елмас покажа дека е вистински мајстор и го даде првиот гол за Торино на дуелот против Болоња, на атрактивен начин. И тоа на првиот настап за новиот клуб во кој дојде на позајмица од РБ Лајпциг.

Македонскиот репрезентативец влезе од клупата за резерви во второто полувреме и веднаш ги разигра популарните Торо. Течеше 65. минута, кога по една акција во казнениот простор, Елмас дојде до топката, ја протна низ нозе на ривал, па со лоб го совлада противничкиот голман.

  • Деби погодокот на Елмас во Торино:

Навивачите се одушевени од изданието на Елмас, затоа што откако влезе тој, играта на Торино драстично се подобри.

Состави

Винченцо Италиано

4-3-3

    Паоло Ваноли

    4-2-3-1