• Горан Упале
Македонскиот шампион Шкендија испиша историја – се пласираше во првата елиминациона фаза во Конференциската лига, но беше елиминиран од турски Самсунспор. Денеска, во седиштето на УЕФА во Нион се одржа ждрепката и за осминафиналето во најновото клупско натпреварување на Стариот континент.
Тимот што ја исфрли Шкендија во осминафиналето ќе се судри со Рајо Ваљекано, Кристал Палас ќе игра двомеч со АЕК Ларнака, додека Ријека за противник го доби Стразбур од Франција.
Осминафинални парови:
Лех Позњан - Шахтјор
Кристал Палас – АЕК Ларнака
Самсунспор – Рајо Ваљекано
Сигма - Мајнц
АЗ Алкмар – Спарта Прага
Фиорентина - Раков
Целје – АЕК Атина
Ријека - Стразбур
Првите натпревари од оваа фаза ќе се одиграат на 12 март, а патниците во четвртфиналето ќе се познати седум дена подоцна. Ова беше последна ждрепка, што значи дека познат е и патот до финалето во Лајпциг.









