• Горан Упале
Екипата на Шкендија зад себе го остави најдолгото лето на европска сцена, но и историски пласман во Конференциската лига. Тетовчани се само вториот тим од Македонија кој обезбедил меѓународна есен, а на денешната ждрепка во Монако ги дознаа ривалите во лигашката фаза. Нашиот шампион ждрепката ја дочека од петтиот шешир и во битката за бодови ќе се бори против Слован Братислава, Рајо Ваљекано, Јагјелонија, Дрита, Шелбурн и АЕК Ларнака.
Извлекувањето беше извршено целосно во дигитален формат, користејќи ја истата дигитална технологија што веќе се користеше минатата година, овозможувајќи непречен, ефикасен и брз процес на извлекување.
- Противници на екипите од првиот шешир:
- Противници на екипите од вториот шешир:
- Противници на екипите од третиот шешир:
- Противници на екипите од четвртиот шешир:
- Противници на екипите од петтиот шешир (ШКЕНДИЈА):
- Противници на екипите од шестиот шешир:
Календар за Конференциска лига 2025/26:
1. коло – 2 октомври 2025
2. коло – 23 октомври 2025
3. коло – 6 ноември 2025
4. коло – 27 ноември 2025
5. коло – 11 декември 2025
6. коло – 18 декември 2025
Нокаут фаза:
Плеј-оф во нокаут фазата: 19 и 26 февруари
Осминафинале – 12 и 19 март 2026 година
Четвртфинале – 9 и 16 април 2026 година
Полуфинале – 30 април и 7 мај 2026 година
Финале – 27 мај 2026 година (Лајпциг)
Првите осум екипи од лигашката фаза ќе обезбедат директен пласман во осминафинале, додека екипите рангирани од 9. до 24. место се играат пле-јоф за осминафинале. Комплетниот распоред на натпреварите ќе биде познат најдоцна до недела, 31 август.

