КЛ ждрепка: Динамо доби противник по мерка, дербито е меѓу Ајакс и Астон Вила

Еден час по ждрепката во Лига Европа, во просториите на УЕФА во Нион беа извлечени и осминафиналните парови во новото натпреварување Конференциската лига.

Во третото по квалитет клупско натпреварување УЕФА остана само еден македонски фудбалер. Стефан Ристовски со својот Динамо Загреб за противник во осминафиналето го добија тимот на ПАОК од Солун. 

  • Осминафинале:

Динамо Загреб - ПАОК
Сервет - Викторија Плзењ
Ајакс - Астон Вила
Молде - Клуб Бриж
Унион Ст. Жилоа - Фенербахче
Штурм Грац - Лил
Макаби Хаифа - Фиорентина
Олимпијакос - Макаби Тел Авив

Oсминафиналните натпревари се закажани за на 7 и 14 март, а големото финале во најновото натпреварување на УЕФА годинава ќе се одигра во главниот град на Грција, Атина.