• Мартин Танасковски
Екипите на Шкендија и Силекс ќе ја претставуваат Македонија во Конференциската лига на УЕФА, а веќе ги добија ривалите во третото по ранг натпреварување во европскиот клупски фудбал.
Шкендија на ждрепката во Нион беше носител, а ждрепката посака да го добие тимот на Европа од Гибралтар. Првиот меч ќе се игра на гости, вториот е во Скопје.
Силекс, пак, беше на десната страна меѓу неносителите, а на извлекувањето за противник го доби Динамо Минск од Белорусија. Првиот натпревар го игра на гости, вториот на домашен терен.
Првите натпревари од 1. квалификациско коло во Конефернциската лига се играат на 9 јули, додека реваншите се закажани на 16 јули.



