КЛ плеј-оф: Шкендија ако го мине Хибернијан оди во Шведска или Белгија

Единствениот македонски претставник во европските натпреварувања е Шкендија. Вицепрвакот во ПМФЛ ќе игра во третото квалификациско коло на Конференциската лига, а за противник го доби шкотскиот Хибернијан. 

УЕФА веќе ја одржа и ждрепката за плеј-оф натпреварите во ова натпреварување. Ако Шкендија го мине шкотскиот предизвик за нов пласман во Конференциската лига ќе игра бараж против победникот од двомечот меѓу ИФК Гетеборг или белгискиот Гент.

Во овие натпревари Шкендија ќе има улога на неносител. Сепак, преку извлекување се одредија и домаќините на натпреварите, а Шкендија прво би гостувала, па дома би бркала место во натпреварувањето.

Потенцијалниот плеј-оф Шкендија би го играла на 20 и 27 август, меѓутоа претходно треба да ја прескокне пречката во името на Хибернијан.