• Мартин Танасковски
Богатата фудбалска програма овој четврток ја комплетираа натпреварите од плејофот во Конференциската лига на УЕФА во кој се одиграа 22 натпревари.
Партизан не донесе ништо ново за своите навивачи, дома загуби од белгиски Гент (0-1) и е пред крај на европската одисеја. Единствениот гол на празниот „ЈНА“ на кој се играше без публика поради казна го постигна Ганделман во 16. минута.
Челзи покажа моќ и го доби швајцарски Сервет (2-0), па гледа кон групите на натпреварувањето на УЕФА каде му фали единствениот трофеј, затоа што ги има Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Купот на Победниците на Куповите. По првиот дел без голови, Нкунку го отвори резултатот од пенал, а точка стави Мадуеке во 76. минута.
Барди и Трабзонспор ќе играат во Турција за место во групната фаза, затоа што одиграа реми без голови кај Сент Гален (0-0). Барди тргна од првата минута, а беше на терен до 73. минута. Мечот можеше да има поинаков тек да не беше ВАР во 87. минута кога поништи гол на домашните.
На останатите натпревари, Легија дома ја победи Дрита на Зекрија Рамадани со 2-0, Пјуник беше подобар од Целје (1-0), слично беше и на дуелите ТНС - Паневезис (3-0), Бран - Астана (2-0), Ѓургарден - Марибор (1-0), Копенхаген - Килмарнок (2-0), Хајденхајм - Хакен (2-1), Омонија - Зира (6-0), Клуж - Папос (1-0), Крибвас - Бетис (0-2), Викингур - Санта Колома (5-0), Висла - Серкл Бриж (1-6), Ленс - Панатинаикос (2-1) и Линколн Ред Импс - Ларн (2-1).
Без победник завршија натпреварите Млада Болеслав - Пакс (2-2), Фиорентина - Пушкаш (3-3), Клаксвик - ХЈК (2-2).