• Иван Димовски

Последниот македонски интернационалец во Конференциската лига на УЕФА, Иван Тричковски, не доби шанса во дебаклот на неговиот АЕК Ларнака кај Вест Хем (4-0). Кипарскиот состав немаше сили за никакво изненадување, па по домашниот пораз, претрпе поубедлив во Лондон и со вкупни 6-0 го заврши европскиот пат.
- Вест Хем - АЕК Ларнака 4-0:
Резултатот беше отворен по 21. минута игра со голот на Џанлука Скамака. Следеше поништен гол на АЕК Лранака преку Николиќ, а во финишот на полувремето директен црвен картон заработи Густаво. Во продолжението Боуен успеа да даде два гола за две минути и зголеми на 3-0, за потоа Мубама да ги постави конечните 4-0.
Екипата на Лацио претрпе елиминација во рамките на осминафиналето, откако повторно со 2-1 загуби од АЗ Алкмар. „Бјанкочелестите“ поведоа со погодокот на Фелипе Андерсон во 21. минута, меѓутоа седум подоцна Карлсон успеа да израмни. Во продолжението италијанскиот тим немаше сили за нов погодок, додека Павлидис погоди за победа на Холанѓаните во вториот дел.
- АЗ Алкмар - Лацио 2-1:
Андерлехт шокантно го исфрли ланскиот полуфиналист во Лигата на шампионите, екипата на Виљареал, откако славеше на „Естадио де ла серамика“ со 0-1 (0-0). Првиот натпревар во Белгија заврши без победник (1-1), па со оваа победа Андерлехт приреди сензација. Човек на одлука беше Ислам Слимани, кој во 73. минута по асистенција на Муриљо, го постигна единствениот гол на натпреварот.
- Виљареал - Андерлехт 0-1:
Заверка на местото меѓу осумте најдобри направи Ница со нова победа над Шериф Тираспол, овојпат од 3-1.