КЛ: Европска пролет за Чурлинов, Шишковски и Николов, еве ги можните ривали!

По одигрувањето на петтото коло од Конференциската лига, познати се екипите кои продолжуваат во нокаут-рундата на третото натпреварување на УЕФА. Македонија ќе има тројца репрезенти, а од сите учесници во групата испадна само Алекса Амановиќ со Астана од Казахстан.

Директно место во осминафиналето на Конференциската лига обезбедија Челзи, Гимараеш, Фиорентина, Рапид, Ѓургарден, Лугано, Легија и Серкл Бриж кои завршија на најдобрите осум позиции на табелата.

Европска пролет ќе имаат уште Јагјелонија на Дарко Чурлинов, Борац Бања Лука на Шишковски и Николов, како и Шамрок Роверс, АПОЕЛ, Пафос, Панатинаикос, Олимпија Љубљана, Бетис, Хајденхајм, Гент, Копенхаген, Викингур, Целје, Омонија, Молде и ТСЦ.

Познато е против кои два противници може да играат Јагјелонија на Чурлинов и Борац Бања Лука на Николов и Шишковски. Противниците во 1/16 финалето ќе им се одлучат со ждрепка во петок од 13:00 часот.

  • Можни парови за 1/16-финалето во Конференциската лига:

Гент/Копенхаген - Бетис/Хајденхајм
Молде/ТСЦ - Јагјелонија/Шамрок
Целје/Омонија - АПОЕЛ/Пафос
Викингур/Борац - Олимпија/Панатинаикос

1/16-финалето во Конференциската лига ќе се игра на 13 и 20 февруари.