КЛ: Чурлинов и Јагјелонија патуваат во Србија, Николов и Шишковски со Олимпија Љубљана

Ждрепката за плеј-офот од Конференциската лига ни донесе неколку интересни двојки кои сигурно ветуваат возбуда и интересен фудбал. 

Македонија во оваа фаза ќе биде претставена од тројца фудбалери кои ги дознаа своите противнници. Бобан Николов и Дамјан Шишковски со својот Борац ќе се соочат со Олимпија Љубљана, додека Дарко Чурлинов и Јагјелонија одат на дуел со српскиот тим ТСЦ Бачка Топола. 

  • Сите двојки за плеј-офот во Конференциската лига на УЕФА: 

Гент - Бетис
Копенхаген - Хајденхајм
Викингур - Панатинаикос
Борац Бања Лука - Олимпија Љубљана 
Целје - АПОЕЛ
Омонија - Пафос
ТСЦ Бачка Топола - Јагјелонија
Молде - Шамрок Роверс

Натпреварите од плеј-офот во Конференциската лига ќе се одиграат на 13 и 20 февруари следната година. Победниците од овие двомечи ќе се пласираат во осминафилето и ќе играат против најдобропласираните осум екипи во лигашкиот дел.