КЛ 1/16 финале: Лацио, Трабзон, Брага влетуваат во плеј-офот

Со денешните натпревари се комплетираше групната фаза на Конференциската лига на УЕФА. Втората сезона на најновото натпреварување понуди интересна разврска на групите, а конкуренцијата за трофејот пак ќе биде силна.

Истанбул Башакшехир, Фиорентина, Вест Хем, Виљареал, Ница се дел од најсилните кои ја минаа групата. На нив се додаваат и тимови од Лига Европа, а дефинитивно најсилен кој доаѓа е Лацио, но тука се и Трабзонспор на Енис Барди, Брага, Бодо Глимт... Познати се и шеширите во пресрет на ждрепката. Екипите кои беа први во групите одат директно во осминафинале, а такви беа: Истанбул Башакшехир, Вест Хем, Виљареал, Ница, АЗ Алкмар, Ѓургарден, Сиваспор и Слован Братислава. 

Второпласираните одат на мегдан со третопласираните од групите во Лигата на Европа, па веќе во 1/16 финалето нè очекуваат интересни пресметки. 

  • Шешири во пресрет на ждрепката:

Шешир од второпласираните во Конференциската лига:
Фиорентина, Андерлехт, Лех Познањ, Партизан, Днипро -1, Гент, Клуж, Базел

Шешир од третопласираните во Лига Европа:
Бодо/Глимт, АЕК Ларнака, Лудогорец, Брага, Шериф Тираспол, Лацио, Карабах, Трабзонспор

Ждрепката за шеснаестинафиналето или плеј-оф фазата во Конференциската лига е закажана за в понеделник од 14:00 часот.