Кјелини: Вест Хем е на исто ниво со најдобрите во Серија А!

Фудбалот кој се игра во Премиер лигата го нема во ниту едно друго првенство на светот. Англичаните со финансиската надмоќ над останатите формираа силни тимови во Европа, направија многу силна конкуренција. Така и „средните“ англиски тимови се на врвно ниво и често ги изненадуваат гигантите. 

На таа тема зборуваше и славниот италијански дефанзивец, Џорџо Кјелини. Поранешниот дефанзивец на Јувентус даде интересна изјава и кажа дека на пример Вест Хем е во рангот со најсилните тимови во Италија

„Играњето во Англија е многу тешко за сите, бидејќи физички мора да сте на повеќе од 100%. Премиер лигата е многу подобра од останатите во светот. Ретки се фудбалерите кои се адаптираат набрзина, а таму не ти даваат доволно време за навикнување, особено на младите играчи.

Вест Хем е на исто ниво со најдобрите клубови во Серија А. Само видете ги Смолинг, Томори или Лофтус Чик. Физички тие се трипати подобри од многу играчи во Италија. Фудбалерите кои играат или играле во Премиер лигата се физички супериорни и тоа им дозволува да ги уништуваат противниците“, изјави Кјелини. 

За волја на вистината, Кјелини реално ја согледа ситуацијата и добро ги анализира силите на Англичаните и Италијанците, иако коментарот нема да им се допадне на фудбалските работници на „чизмата“.