Кјелини се врати на тренинзите, Италија би можела да смета на него против Белгија

Кјелини Бонучи

Италија доби убави вести во пресрет на четвртфиналниот судир против Белгија на тековното Европско првенство.

На тренинзите се врати Џорџо Кјелини, еден од најдобрите дефанивци на „аѕурите“. Искусниот фудбалер не беше во конкуренција против Велс и Австрија поради повреда.

Се очекува тој да го заземе местото во централната дефанзивна позиција на дуелот со Белгија. Тоа ќе биде исклучително тежок тест за Роберто Манчини и неговата репрезентација, која долго време не знае за пораз.

Овој дуел ќе се одигра во Минхен овој петок. Победникот од натпреварот во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Шпанија и Швајцарија.