Кјелини: Поразот од Македонија едноставно е неприфатлив

Кјелини

Искусниот Џорџо Кјелини одново се наврати за болниот пораз од Македонија во квалификациите за Мундијалот во Катар.

Актуелниот европски првак имаше можност на домашен терен во Палермо да се бори за финале во плеј-офот. Меѓутоа избраниците на Благоја Милевски со погодокот на Александар Трајковски ги шокираа „аѕурите“ и запишаа една од најголемите победи во нашата фудбалска историја.

„Во одлучувачките мечеви игравме без неколку клучни играчи. Можеби успехот на Европското првенство беше „токсичен“ за нас и плативме висока цена поради истиот. Никој не вели дека ќе ја победевме Португалија, но поразот од Македонија не смееше да се случи и едноставно е неприфатлив“, изјави италијанскиот дефанзивец.

Македонската репрезентација загуби во плеј-оф финалето во Португалија и не успеа да се пласира на првото Светско првенство во својата историја.