Кјелини не мрда никаде, Јувентус го задржува уште една сезона

Капитенот Џорџо Кјелини, кој заедно со италијанската репрезентација ја освои титулата на Европското првенство, се очекува да остане во Јувентус уште една година.

36-годишниот ветеран ќе биде дел од одбраната на тимот од Торино уште една сезона. Наскоро ќе бидат познати деталите околу неговиот нов договор со „старата дама“.

Наводно, искусниот дефанзивец прифатил мало намалување на платата, со цел да ја продолжи кариерата во Јуве. На континенталниот собир тој покажа дека и натаму може да игра на високо ниво, иако ја игра завршната фаза од кариерата.

Досега освоил девет титули во Серија А, пет трофеи во Копа Италија, а за италијанската репрезентација има запишано 112 настапи и постигнал осум погодоци.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.