Кјелини, Манџукиќ и Емре Чан надвор од листата на Јуве за ЛШ

Јувентус

Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, направи пресек и ја објави листата фудбалери со кои ќе атакува на титулата во Лигата на шампионите.

На истата место нема за повредениот Џорџо Кјелини, отпишаниот Марио Манџукиќ и германскиот играч за врска Емре Чан. 22 играчи ќе бидат дел од тимот од Торино кој оваа сезона посакува конечно да се истакне и во Европа, а не само во домашното првенство.

„Бјанконерите“ ќе играат во групата Д заедно со Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен и Локомотив Москва.

Листата на Јувентус за ЛШ:

Војчех Шчесни, Матиа ди Шиљо, Матијс де Лихт, Миралем Пјаниќ, Сами Кедира, Кристијано Роналдо, Арон Ремзи, Пауло Дибала, Даглас Коста, Алекс Сандро, Данило, Блес Матуиди, Хуан Квардадо, Леонардо Бонучи, Гонзало Игуаин, Даниеле Ругани, Адриен Рабио, Мерих Демирал, Родриго Бентакур, Карло Пинзољо, Федерико Бернардески, Џанлуиџи Буфон