Кјелини го нападна Бонучи: „Би прифатил сѐ, но - Милан!?“

Кјелини Бонучи

Џорџо Кјелини ја искористи корона-паузата за да ја објави својата автобиографија со име „Јас, Џорџо“. Во истата пишува за својот живот, фудбалскиот пат, а не заборави на некои своите бивши и сегашни соиграчи.

Во Италија на големо се зборува за неговото мислење во врска со трансферот на Леонардо Бонучи во Милан. 

„Неговата година во Милано беше поинаква. Навистина беше погрешен избор. Тој не беше во мир со самиот себе. Беше потресен од илјада причини и донесе чудна одлука. Го чувствував тоа затоа што се случи во тие неколку недели кога не се видовме. Сигурен сум, да бев таму, ќе го натерав да размислува и да остане. Истата работа се случи и со Конте 2014 година. Тие секогаш заминуваат кога не сум таму. Зборував со Лео кога беше готово, нема логика од почеток до крај. Можев да разберам дека замина во Реал Мадрид, но Милан? Судбината сакаше сè да се врати како што беше“, напиша дефанзивецот на Јувентус.

По само една година на „Сан Сиро“, Бонучи се врати во Торино, но наиде на тврдоглави навивачи, кои на почеток не можеа да го прифатат неговото предавство.