Ќе ве зачуди причината поради која Меси им ги препушта пеналите на соиграчите

Меси пенали

Одговорноста да ги шутира пеналите во екипата на Барселона му припаѓа на Лионел Меси.

Првата ѕвезда на Каталонците понекогаш знае да биде колегијален и да им препушти на некој од соиграчите да се запише во листата на стрелци. Но тоа не е основната причина поради која Аргентинецот не сака да шутира од белата точка.

Звучи неверојатно, но Меси смета дека тој не е доволно добар во изведувањето на пенали, а тоа го потврди во едно интервју.

„Сакам и морам да бидам поефикасен од белата точка. Тие работи не можат да се тренираат, бидејќи на натпреварите е поинаку. И не е така лесно како што се чини“, вели 31-годишникот од Розарио.

Во својата кариера досега тој промашил 24 казнени удари, од кои неколку доста болни и со влијание на конечниот резултат (против Челзи во Лигата на шампионите, на Светското првенство во Русија на мечот со Исланд...).