„Ќе се обидам да го наговорам Мбапе да дојде во Ливерпул“

Иако има само 19 години, Килиан Мбапе веќе направи многу во кариерата. Го оствари вториот најголем транфер во историјата минатото лето, ја освои Лига 1, го освои и Светското првенство, а беше избран и за најдобар млад играч на Мундијалот.

Многу европски великани би сакале да го купат од ПСЖ, но се чини дека ова лето ниеден клуб нема да успее во таа намера. Сепак, неговиот некогашен соиграч од Монако и сегашен фудбалер на Ливерпул, Фабињо, порача дека ќе се обиде да го наговори Мбапе да дојде на „Енфилд“ следното лето.

„Килиан ми кажа дека ќе остане во ПСЖ оваа година. Ќе се обидам да го убедам да дојде во Ливерпул следната сезона. Ми честиташе за трансферот во овој клуб, а јас му честитав за титулата на Мундијалот. Тој е феноменален играч“, вели Фабињо.

Бразилскиот интернационалец играше заедно со Мбапе во Монако, а летово се пресели во Премиер лигата за 50 милиони евра и ќе настапува за Ливерпул.