Ќе пукне ли „бомба“? Зидан на чекор од тренерската позиција во Баерн Минхен

Зинедин Зидан е сѐ поблизу до враќање на тренерските предизвици и најверојатно ќе го преземе германскиот гигант, Баерн Минхен. Информацијата ја потврдија и неколку германски медиуми кои напишаа дека Баварците веќе се во напредни преговори со Французинот кој наскоро ќе го замени на клупата Томас Тухел

Се шпекулираше дека Баерн сака да го врати Јулијан Нагелсман, но селекторот на Германија денес потпиша нов договор до 2026 година и стави крај на сите шпекулации. Се очекува Зидан да го презема баварскиот гигант на 1 јули годинава, кога и официјално ќе заврши соработката со Тухел, а управата е подготвена да му стави на располагање околу 200 милиони евра за засилувања. 

Дел од новинарите пишуваат дека „работата е скоро завршена“ и се очекува Зидан да потпише четиригодишен договор, вреден околу дванаесет милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси за освоени трофеи. Легендарниот „Зизу“ четири години беше во тренерски „пост“, а последен пат го предводеше Реал Мадрид, со кој освои три титули во Лигата на шампионите.