Ќе „пука“ како и секогаш на првото „Олд Фирм“ дерби сезонава

Секое „Олд Фирм“ дерби предизвикува голем интерес и надвор од границите на Шкотска, бидејќи тоа е едно од најстарите и најголемите ривалства во светот на фудбалот. Првото дерби во Глазгов се одигра на 28.05.1888 година и му припадна на Селтик (5-2), а последното на 29. декември минатата година, а тогаш поуспешен беше Ренџерс (2-1). Како што знаете, Шкотите се едни од ретките кои не го продолжија претходниот шампионат, кој беше прекинат во март поради пандемијата со ковид-19, па на навивачите на двата клуба им беа скратени задоволствата да гледаат уште некое дерби. Селтик беше прогласен за шампион, што беше деветта врзана титула за „келтите“, но во ова дерби влегуваат гледајќи во грбот на омразениот ривал - вистината е, со бод помалку, имаат и натпревар помалку. 

И едните и другите се во добра форма. Тимот на Нил Ленон врза осум победи во сите натпреварувања. Сепак, на оваа серија и претходеше големо разочарување и раната елиминација од Лигата на шампионите, откако беше поразен од аутсајдерот Ференцварош (кој подоцна се пласира во групната фаза). Момците на Стивен Џерард имаат четири триумфи во низа, како во шампионатот, така и во Европа, а последниот пораз го претрпеа на почетокот на август на реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа против Леверкузен.

Сите квоти од натпреварот Селтик - Ренџерс

И двата клуба следната недела ги очекуваат натпревари од првото коло во Лигата на Европа - Селтик го пречекува тимот на Милан, додека Ренџерс гостува кај Стандард. Но, без оглед на тие претстојни обврски, никој не би требало да се залажува дека играчите ќе се штедат за ова дерби. За почеток, тоа најавува голови на двете страни, а ние сепак им даваме мала предност на „зелено-белите“.